GROUPER ВО МЕДИУМИТЕ [2011-2019]

Black Friday “лудилото” на Grouper започнува денес!

Медиуми: crnobelo.com | bi.mk bankarstvo.mkdenar.mk | inovativnost.mk | popularno.mk

(Скопје 22.11.2018) Утре е најголемиот шопинг празник на попустите Black Friday, а најголемиот сајт за попусти во земјава, Grouper.mk, најавува дека големите попусти до 95% кај нив стартуваат од денес на пладне! Почнувајќи од денес попладне тие ќе почнат да ги активираат Black Friday зделките, а на секои 2 часа велат дека ќе објавуваат нови тури непобедливи зделки со попусти во соработка со над 300 компании.

Grouper го најавува најголемиот Black Friday до сега, а попустите веќе започнаа

Медиуми: friday.mk | bankarstvo.mk | bi.mk makmoda.com

(Скопје 13.11.2018) Од Grouper.mk, водечкиот сајт за групни попусти и воедно лидер во е-трговија, веќе го најавија, како што велат за нив највобудливиот ден од годината, за кој ветуваат избор од над 1000 зделки со ултра ниски цени и луди попусти до 90%, со ограничено времетраење и количини – “Black Friday го сметаме за наш патронат и ден кога ги рушиме рекордите во продажби и посетеност.

Дестинација Македонија – најголемата кампања за патувања дома!

Медиуми: inovativnost.mk | makmoda.com | emagazin.mk | marili.com.mk | bankarstvo.mk | www.slobodenpecat.mk

(Скопје 26.09.2018) Кампањата, која се реализира четврта година по ред, нуди огромен избор на локални патувања по неверојатно ниски цени, а на корисниците ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта и ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности во Македонија кои чекаат да бидат истражени!

Нина Ангеловска- Нејзините импресии од Индија

Медиуми: cig.com.mk

Д-р Нина Ангеловска, звучно име кое заслужено се најде на листата на 100 успешни жени основачи на старт-апи во Европа (100 Female Founders Europe), која ја состави еминентниот германски магазин The Hundert, а потоа ја сподели и Forbes, е извршен директор и ко-основач на првиот македонски револуционерен веб сајт за групни попусти, Grouper.mk, кој го предефинира оналјн купувањето.

#СкопјеГурман по четврти пат – најочекуваната гурманска кампања во градот

Медиуми: inovativnost.mk | www.popularno.mk | nezavisen.mkbiznisvesti.mk

Повторно започнува гурманската еуфорија во градот! Водечкиот сајт за групни попусти – Grouper.mk по четврти пат ја реализира најочекуваната кампања  во годината „Недела на храна” #СкопјеГурман која започнува на 4ти јуни, а ќе трае цел месец.

Top 3 with Nina Angelovska: What is gamification?

Медиуми: gsix.me

Her career path, her revolutionary Grouper that changed the Macedonian e-market and entrepreneurial international stories contribute to Nina’s becoming the first Macedonian woman on the list of 100 successful female founders in Europe by the German magazine The Hundert and lately shared it on Forbes. This year’s global recognition came early at the same day as Grouper’s birthday when Forbes announced Nina as honoree of 30 under 30 entrepreneurs in Europe in the category of retail and eCommerce.

Grouper го отвара првиот онлајн саем за мебел во Македонија

[15.03.2018]

Медиуми:  inovativnost.mk

Годинава ќе се прекине традицијата на организирање на годишниот Саем за мебел на Скопски саем, па поради таа причина, платформата за електронска продажба Grouper денес најави дека го започнува првиот онлајн саем за мебел во Македонија. Акцијата официјално ќе започне утре на 16. март.

Успех под превезот на емоциите

Медиуми: fashionel.mk

Ја повикавме Нина да биде наш гостин и да дознаеме повеќе за неа и надвор од значењето на „претприемач“ и „Групер“. Вели, ѝ годи што сме успеале да ја скротиме на неколку часа, иако темпераментот ѝ избива дури и кога само седи. Нејзиниот ден започнува во седум часот наутро, а секоја минута е организирана.

COOL FACES OF BASTET NOIR: Meet Nina Angelovska, FORBES 30under30 and the founder of Grouper

Медиуми: bastetnoir.com

Every year, Forbes makes a list of world’s most promising young entrepreneurs. This famous list contains the names of only 300 women and men around Europe (divided in 10 different industries), whose accomplishments has inspired their respective nations and whose remarkable actions have lifted others to do the same, also known as Forbes 30under30. If you’re an entrepreneur this sacred list is kind of like your Holy Grail. It’s the very peak of your career, the cherry on the top, better yet, feels like the overdue Oscar, Leo finally got. 

Нина Ангеловска, гостин во утринска прорама на ТВ Телма: Ситуацијата со Е-трговијата во Македонија може и мора да биде подобра!

Медиуми: Утринска на Телма 

(Скопје 22.11.2017) Овој петок, 24.11 се обележува најголемиот светски шопинг празник BLACK FRIDAY, кој веќе прераснува во традиција и на нашиот пазар. Ако ви е познат овој празник сигурно сте слушнале и за вртоглавите попусти кои се задолжително проследени со турканици и борба!

Шопинг лудилото започнува! Каде ќе биде најголемиот Black Friday?

Медиуми: popularno.mk | crnobelo.com | bankarstvo.mk | bi.mk makmoda.com 

(Скопје 22.11.2017) Овој петок, 24.11 се обележува најголемиот светски шопинг празник BLACK FRIDAY, кој веќе прераснува во традиција и на нашиот пазар. Ако ви е познат овој празник сигурно сте слушнале и за вртоглавите попусти кои се задолжително проследени со турканици и борба!

Започна „Дестинација: Македонија“ најголемата Grouper кампања за патувања во државата

Медиуми: popularno.mk | faktor.mk | bankarstvo.mk | bi.mk | kadevecer.com.mk | makmoda.com | biznisvesti.mk | denar.mk | emagazin.mk

Кампањата, која нуди избор од над 100 зделки за локални патувања по неверојатно ниски цени, на корисниците ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта и ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности кои сè уште не ги знаат.

Прогласени најдобрите ресторани од кампањата Недела на храна #СкопјеГурман

Медиуми: biznisvesti.mk | makmoda.com

Водечката компанија за е-трговија, Grouper.mk неодамна ја организираше најголемата кампања за ресторани во Македонија која го претвори Скопје во најгурманско место до сега, насловена како Недела на Храна #СкопјеГурман. Во кампањата земаа учество над 60 ресторани кои ги понудија своите специјалитети по промотивни Grouper цени достапни за сите гурмани преку над 100те објавени зделки.

Стартува најголемата кампања за гурмани во градот! [05.06.2017]

Медиуми: faktor.mk | crnobelo.com | makmoda.com | emagazin.mk | inovativnost.mk | denar.mk | bankarstvo.mk | idividi.com.mk | trpeza.mk

Водечкиот сајт за попусти и воедно лидер во е-трговија – Grouper.mk ја најавува новата кампања – ” Недела на храна” под слоганот “Скопје гурман ти ќе бидеш”.

“Моќта на гемификацијата во маркетингот” со Гејб Зичерман и Нина Ангеловска [06.05.2017]

Медиуми: IT.mk

Преку презентациите на Гејб Зичерман и Нина Ангеловска посетителите имаа можност да се запознаат со концептот на гејмификација, но и преку практични примери да дознаат како истата денес се практикува во маркетингот и бизнисот. Да не должиме и да ви раскажуваме ние, погледнете го видеото и презентацијата од Гејб и слушнете што имаше да каже тој на темата.

Каква е состојбата со е-трговијата во Македонија? [11.04.2017]

Медиуми:  IT.mkpopularno.mk |  mkd.mk | BI.mk | faktor.mk | denar.mkmakmoda.com | telegrafi.com | standard.mk

Македонија заостануваше на ова поле поради бројни фактори како што се: долгогодишна ниска интернет пенетрација; малиот број на платежни картички во оптек, а подоцна и малата застапеност на население кое активно ги користи картичките; преференции за плаќање во готово; ниска компјутерска писменост; високи банкарски провизии кои ги дестимулираа големите компании во додавање на овој нов канал на продажба итн.

Градењето бизнис од нула не е лесно, посебно за жена! [08.03.2017]

Медиуми: DW.com

Електронската трговија и поврзаните активности преку интернет можат да бидат мотор на подобрување на економската состојба во земјата, но придонесува и за поголема интеграција на земјата во глобалните трендови. Информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) направи трансформација во начинот на кој трговците и потрошувачите купуваат и дистрибуираат производи.

Grouper.mk со нова кампања за доживување на Македонија [20.09.2016]

Медиуми: crnobelo.com.mk

Водечкиот сајт за групни попусти, Grouper.mk, го најавува почетокот на кампањата “Доживеј ја Македонија”, која за прв пат ја лансираше минатата година. “Доживеј ја Македонија” има за цел да ги мотивира граѓаните да ја прошетаат Македонија преку секојдневно објавување на атрактивни понуди со големи попусти за хотели, вили, ресторани и тури низ кои се опфатени речиси сите региони во земјава.

Пола милион продадени купони на Grouper.mk [24.08.2016]

Медиуми: faktor.mk  | bi.mk | friday.mk | biznisvesti.mk

Првиот македонски сајт за групни попусти, Grouper.mk, кој започна со работа во 2011 година, со објавени над 15.000 зделки за над 110.000 корисници од страна на 2000 соработници, денес оствари пола милион продадени купони.

“5 златни зделки за 5 години Grouper.mk” [22.02.2016]

Медиуми: crnobelo.com.mk | puls24.mk | biznisvesti.mkmakmoda.com | libertas.mk | bankarstvo.mk

Пред 5 години за прв пат на Македонскиот пазар се појавија најголемите попусти преку непобедливите зделки кои ги воведе првиот Македонски сајт за групни попусти, лидерот во е-трговија, Grouper.mk. Оние кои ги следат сигурно ги знаат уникатните начини на одбележување на нивните родендени изминативе 4 години. Оваа година забавата е онлајн под името “5 Златни зделки на Кралот на попустите”.

Grouper.mk: Најдобрата празнична понуда од B-Watch продаде 2.000 купони за една недела

Медиуми:  BI.mk

Оваа година лидерот во е-трговија, Grouper.mk ги сруши сите рекорди во онлајн продажба во земјава со својата Black Friday & Cyber Monday акција, преку која проаддоа 20.000 купони за четири дена. Веднаш по завршувањето на оваа акција ја објавија Најдобрата празнична понуда во соработка со B-Watch, којашто понуди 50% попуст на часовници и преку која за само седум дена беа продадени 2.000 купони за часовници.

Ангеловска: Желбата ми беше да успееме и да го смениме пазарот на е-трговија.

Медиуми: emagazin.mk

Ако почнувате бизнис тргнете со ентузијазам и верба дека ќе го смените пазарот на е-трговија и после пет години сте успеале во тоа, тогаш заслужена сатисфакција што ќе ја најдете на листата на 100 жени основачи на старт-ап бизниси од Европа (100 Female Startup Founders Europe) на германскиот магазин The Hundert.

Нина Ангеловска од Grouper на листата 100 успешни жени – претприемачи во Европа

Медиуми: BI.mk

Нина Ангеловска, генерален менаџер и ко-основач на Grouper.mk, се наоѓа на листата на 100 жени основачи на стартапи од Европа (100 Female Startup Founders Europe), што ја состави еминентниот германски магазин The Hundert.

ИНТЕРВЈУ СО КРАЛИЦАТА НА ПОПУСТИТЕ – НИНА АНГЕЛОВСКА (GROUPER)

Медиуми: bankarstvo.mk

Нина е родена на 13.09.1988 во Скопје. Во 2010 година дипломирала како најдобар студент на генерацијата на Економскиот факултет во Скопје на департманот по Е-бизнис. На натпреварот за најиновативен бизнис план организиран од NCDiel во 2010 година победува и добива парична награда со која го започнува бизнисот. Магистрира во 2012 година и продолжува со докторски студии на тема “Одговорите на менаџментот на предизвиците во е-трговијата”. Нина е говорник и тренер на бројни настани и конференции, а од неодамна е и ментор на повеќе академии.

Зошто e-трговијата во Македонија е на ниско ниво, иако има услови за нејзин развој? [15.05.2015]

Медиуми: IT.com.mk

Електронската трговија и поврзаните активности преку интернет можат да бидат мотор на подобрување на економската состојба во земјата, но придонесува и за поголема интеграција на земјата во глобалните трендови.

Grouper – Моќна и директно мерлива промоција за секоја компанија [16.02.2015]

Медиуми: inovativnost.mk

Умешноста во изборот и комбинацијата на промотивните алатки е клучна за да се постигнат максимални резултати со ограничениот буџет на малите и средни компании.

Растот на Grouper.mk покажа дека веќе не се плашиме да купуваме онлајн [04.02.2015]

Медиуми: IT.com.mk

Од година за година Grouper.mk продолжува да расте. Статистиката објавена за четвртиот роденден ни открива дека Grouper лани имал 33 отсто повеќе продадени купони од 2013-та година, или 20.000 нови корисници, над 3.200 нови зделки од 500 нови компании, и 20.000 симнувања на мобилните верзии кои беа објавени годинава.

Grouper.mk го прослави роденденот со голема традиционална забава и многу подароци [03.02.2015]

Медиуми: fashionel.mk | faktor.mk | fakulteti.mk | kadevecer.com.mk | crnobelo.com

Лидерот во групно купување и е-трговија, Grouper, изминатава сабота го прослави својот 4ти роденден со традиционална голема забава од отворен тип, на која присуствуваа повеќе од 1000 гости. Забавата се одржа во City Hall, во целосно брендиран простор со осмислена приказна, атрактивна за корисниците, соработниците и сите посетители.

Апликација на денот: Купоните на Grouper.mk сега се достапни и преку Android апликација [16.07.2014]

Медиуми: it.com.mk

Grouper.mk, сајтот за групни попусти кој вели дека допринесува со 40 отсто во севкупната е-трговија во Македонија, сега претстави Android апликација со намера да ги мотивира корисниците да купуваат преку мобилен. Aпликацијата нуди полесно купување и пребарување на купони за попусти, но тоа што ја прави „Апликација на денот“ е што го унапредува Grouper.mk.

Grouper.mk традиционално со голема забава го прослави третиот роденден! [02.03.2014]

Медиуми: crnobelo.com

Со повеќе од 1000 гости во целосно брендиран простор со доминација на зелената боја во City Hall, најдобриот сајт за е-трговија во Македонија – Grouper, го прослави својот трети роденден. По тој повод традиционално на корисниците им беа доделени повеќе од 333 вредни подароци, во знакот на бројот 3.

Како Grouper.mk и групните попусти ја охрабруваат е-трговијата во Македонија

Медиуми: IT.com.mk

Само во 2013-та година Grouper.mk услужи околу 60.000 корисници кои купија над 185.000 купони од над 950 компании, од вкупно 2.195 зделки, или 91 отсто повеќе од претходната година.

Интервју со Нина Ангеловска, CEO на Grouper

Медиуми: InternetMarketing.com.mk

Grouper e eден од најиновативните и најспешните вебсајтови во Македонија. Во 2013 доби награда за најдобар вебасјт за е-трговија, а статистиките покажуваат дека всушност Grouper успеа да го направи онлajн плаќањето наше секојдневие.

ИТ настан: Сите победници на Сајт на годината 2013 [10.12.2013]

Медиуми: IT.mk

Со ова Grouper уште еднаш покажа дека е водечки сајт за е-трговија, сајт кој нуди најголеми попусти во повеќе од 10 категории. Од годинава Grouper има и нов софистициран изглед кој им нуди на корисниците еден подобар преглед на сите попусти и можност за купување.

Успешната интернет македонска приказна прослави 2 години [31.01.2013]

Медиуми: idividi.com.mk

Grouper.mk е една успешна македонска интернет приказна која наполни 2 години. Со само две години постоење, Grouper.mk успеа да направи револуција во однос на онлајн трансакциите и попустите во Македонија.

Grouper.mk продаде 262% повеќе купони во 2012 година [31.01.2013]

Медиуми: IT.mk

Македонскиот сервис за групни попусти Grouper.mk само што го прослави својот втор роденден. По тој повод се организираше забава, но тоа што нам ни е поинтересно е статистиката која беше објавена за работењето на сервисот. А таа статистика е импресивна.

Една година Grouper.mk (инфографик) [30.01.2012]

Медиуми: IT.com.mk

Најпродавани попусти се тие за продуктите за убавина и здравја, што значи женска публика, и тие за храна и пијалоци, открива Grouper.mk во својот инфографик по повод првиот роденден. Како што пишавме претходно сервисот за групно купување во својата прв година успеа да продаде 33.162 купони за попусти од 296 компании.

Grouper.mk за една година продаде 30.000 купони за попусти [18.01.2012]?

Медиуми: IT.com.mk

Сервисот за групно купување Grouper.mk за својот прв роденден открива дека за една година успеа да направи обрт на над 10 милиони денари од над 30.000 продадени купони на oколу 20.000 корисници.