TRADEMARK КАМПАЊИ

 

Во текот на годината припремаме неколку тематски дедицирани кампањи насочени кон промоција и поддршка на одредена категорија т.е индустрија, со цел зголемена видливост и реклама на вклучените брендови и придобивање голем број нови клиенти за краток временски период.

Златни зделки

Златни зделки или златна роденденска кампања која ја реазлизираме по повод роденденот на Grouper. Најпрепознатливата премиум Grouper кампања во која се вклучуваат 15 до 20 одбрани брендови од различни индустрии популарни и истакнати во својата област, кои имаат можност да добијат дедицирана промоција пред публика од над 300.000 потенцијални клиенти.

Кампањата започнува на 21.јануари кога го славиме и нашиот роденден, оваа година 8ми по ред 🙂

Online саем на мебел

Бидејќи сакаме да сме први и прифаќаме предизвици ја осмисливме една од најиновативните кампањи во 2018 – првиот онлјан саем за мебел, каде без гужва и турканици, премногу логистика и изморен персонал, на едно место купувачите можат да најдат се што им треба за домот со неколку скрола и клика.

Сите компании вклучени во кампањата имаат своја “продавница” каде ги изложуваат своите производи на попуст, а дополнително добиваат огромна промоција, брендинг, нови купувачи и зголемени продажби.

Недела на Храна #СкопјеГурман

Најголемата гурманска кампања во градот убав која ги промовира скопските угостители на посебен начин!

Секоја година на почеток на летото го правиме Скопје најгурманско место каде сите може да уживаат во стотици вкусни специјалитети од над 80 одбрани ресторани, барови и кафани од градот. Grouper заедницата на крајот на кампањата го бира најдобриот ресторан во секоја категорија кој добива посебна награда и медиумска покриеност.

Кампањата #СкопјеГурман трае еден месец, со почеток во Јуни, а за неа се зборува преку целата година.

Дестинација Македонија

Водени од мотото “Прошетај ја својата земја и запознај ја како што ја знаат странците”, ја креиравмe, за нас, омилената кампања која го промовира македонскиот туризам пред домашните туристи.

Дестинација Македонија е специјално дедицирана кампања за промоција на локалните туристички капацитети, со цел подигање на свеста на Македонците да прошетаат “дома” – да истражат места за кои можеби не слушнале или немале можност да ги посетат, да пробаат вкусна традиционална храна и дегустираат македонско вино.

Во кампањата се вклучуваат повеќе од 100 сместувачки капацитети, винарии, ресторани, а низ годините Дестинација Македонија препрасна во една од омилените и најполуларните кампањи помеѓу Grouper корисниците.

Black Friday

Светскиот празник на попустите, којшто ние го нарекуваме наш патронат кој кореспондира со Grouper мотото на неодолив попуст, заштеда и урнебесни продажби. Ова е денот кога посетите достигнуваат до 100.000 на дневно ниво, ги рушиме рекордите во онлајн продажби и објавуваме над 1000 black friday зделки од повеќе од 300 компании. Секоја година најголемиот Black Friday е на Grouper.mk и никако не смее да се пропушти!