GROUPER ТИМ

Здраво, ова сме ние, млад тим ентузијасти коj стои позади многу успешни промотивни кампањи, куп Grouper зделки, изненадувања, кампањи, наградни игри и акции! На секоја промоција и’ посветуваме посебно внимание, со спој на срце и разум, сè со цел вистински да им помогнеме на компаниите соработници во нивните цели.

Во услови на постојани промени на пазарот, предизвици и конкуренција, тимот ни е секогаш подготвен за иновација, креативност, брзо решавање на проблемите и чекорење напред, а таа креативна култура и тимски дух се чувствуваат во воздухот штом влезете во нашите канцеларии.

Иако сме горди на нашето минато и секогаш со задоволство се сеќаваме на почетоците, сепак најмногу сме посветени на иднината и на она што допрва треба да го достигнеме. Заедно, со и за вашата компанија.