1. Датум кога официјално започнавте со работа:
22 Јануари 2011 година.

2. Од кого е основана компанијата?
Grouper е основан од три ко-сопственици: Нина АнгеловскаМартин Китановски и Александар Симоновски.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Првата зделка беше: “80% попуст на користење на спа центар во ТЦЦ Плаза во вредност од 1500 ден по цена од 300 ден.” која ја лансиравме свечено на настанот за отварањето на Grouper на плоштад. Зделката траеше 24 часа и се продадоа 100 купони. Мислам дека нема да го заборавиме адреналинот и возбудата на секој crtl+R и нов продаден купон 🙂

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Првично тимот беше составен од тројцата основачи, а официјално првото вработување на 4тиот член беше после 3 месеци од лансирањето на Grouper.

5. Колку вработени сте сега?
16 млади, вредни и прекрасни луѓе стојат денес позади Grouper и се заслужни за сите досегашни успеси и достигнувања.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Нашиот “производ” е Grouper зделка која се нуди во форма на купон со одреден попуст и секако по најдобра цена на пазарот. Зделките се поделени во три секции: услуги, производи и патувања, а потоа секоја секција има свои категории и подкатегории.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Нашата long-term перспективата, знаењето и пасијата за влијание и промена на пазарот на е-трговија во Македонија и негово унапредување во сите аспекти и за сите учесници на пазарот, за што се залагаме и влијаеме уште од 2011 година. Веќе 7 години овозможуваме едукација за е-трговија на сите засегнати страни (крајни корисници кои ја направија првата онлајн трансакција на Grouper; соработници кои се впуштија во е-трговија со Grouper; засегнати институции; менторирање и совети на нови играчи на пазарот; анализирање и известување за состојбата со е-трговијата и др.) и благодарение на се ова, е-трговијата е во раст и развој во земјава.

Знаењето, mindset-от и напорната работа не направи game-changer и лидер на пазарот на е-трговија со бројни награди и признанија, а денес Grouper брои над 150.000 корисници и над 2000 соработници. Ја имаме најдобрата и најнапредна мобилна апликација (iOS и Android) на пазарот на која работиме од 2014 година и која денес брои над 100.000 инсталации и над 50.000 активни корисници.

Секогаш се залагаме да ги надминеме очекувањата на нашите партнери и крајни корисници. Така задачата на нашиот искусен тим за продажба е многу повеќе од потпишување на договор за промоција, туку многу подлабоко вложување со маркетинг совети за подобрување на работењето на компанијата, следењето на трендовите и сл. Истиот принцип го применува и нашиот тим за грижа за корисници; сакаме да го направиме среќен секој корисник и да изградиме пријателска врска, а тоа го правиме со фер и транспарентната политика, преку стилот на кој комуницираме и многу други тактики кои секако не би ги откриле сите сега, а кои не диференциираат од конкуренцијата.

На крајот на денот сé што правиме може да биде копирано од било кого. Но, она што не може да се копира е срцето, душата и свеста на компанијата. Кај нас душата на компанијата ја сочинува одличен тим, позитивна енергија, напорна работа, посветеност, професионалност во секој поглед, знаење и постојано учење, следeње на трендови, постојано воведување новини, љубов кон работата и уште многу повеќе.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
За речиси 7 години постоење имаме остварено соработка со над 2000 компании соработници. Бидејќи квалитетот е пред квантитетот, важно е да се спомене дека над 80% од соработниците имаат објавено по над 2-3 зделки што укажува дека се задоволни од соработката. Соработуваме со најразлични компании од најразлични индустрии, како домашни така и странски компании. Grouper е ефективна промотивна алатка за секоја бизнис. Без разлика на типот на компанија, дали се работи за новоотворен салон за убавина, ресторан со долгогодишна традиција или интернационален бренд Grouper е промотивна алатка која ги носи посакуваните резултати. За некој тоа е да нема празни маси во локалот, за некој да распродаде залихи, за друг да промовира нова услуга/производ, некој остварува економија од обем и сл.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Едукација и технологија! Со неограничени ресурси би ја направиле Македонија Smart Country со имплементација на новите технологии во секој дел од живеењето, решавање на административните пречки и бирократија и олеснување на животот на сите со добро организирани, лесни процедури во секој поглед –здравство, образование и др. Вака сите би добиле вишок од најреткиот ресурс – време! Секако за ова да се би се случило ќе треба многу едукација за ИТ писменост на населението и новите технологии преку лаборатории за знаење и учење за да може да ги почувствуваат сите бенефитите и да немаат резистентност од промена и учење на нови работи како што е моментално случај.

10. Што ќе работи Grouper во 2022 година?
Ќе биде најголемата онлајн продавница во Македонија за што ти душа сака со над 1/2 милион корисници 🙂 Дополнително ќе нуди B2B решенија за своите соработници кои ќе им помогнат да се во тек со трендовите и да водат бизнис на пософистициран начин, овозможувајќи им раст.

Бидејќи денес сме каде што сме благодарение на пасијата, напорната работа и брзината во адаптирање кон промените и новите трендови, планираме имплементација на нови технологии, пр. AI во newsletter, chatbots за customer care си др. Којзнае, може и VR за да им овозможиме на корисниците preview на зделките пред да ги купат (да се прошетаат во хотелската соба, да го разгледаат производот или салонот за масажа и сл.) 🙂

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.  
Идејата за атрактивните билборди кои привлекоа многу внимание за актуелната кампањата „Дестинација Македонија“ во духот и стилот на “локалните избори” ни дојде откако веќе беа поставени првично одобрените дизајни. Брзината во реагирање ни е superpower, па од новата идеја до реализација поминаа 2-3 дена и бевме супер среќни кога ги сменивме 🙂

Друго не знам дали знаете, дека Black Friday го сметаме за наш ден во годината и си го викаме патронат? 🙂 Еуфоријата и атмосферата што ја имаме во канцеларија овој ден е неопислива, се случува еднаш годишно и се прераскажуваат моменти после на тим билдинзи и дружби 🙂