Во ерата на информации, прв или лидер не значи да се биде поголем, побогат или да работи понапорно од конкуренцијата. Наспроти, титулата за деловен успех денес оди кај претприемачот кој може да излезе со најкреативни решенија за проблемиte кои не окупираат. На пример, Убер е едно од најкреативните решенија за еден од најстарите проблеми – како да се стигне од точката А до точката Б.

Многу малку од модерните претприемачи сакаат да ги научат старите, веќе воспоставени начини за вршење на работите. Тие сакаат да знаат како можат да добијат предност со тоа што никој друг не прави и да имаат своја иновативност. И најдобриот начин да се направи тоа, се разбира, е да се дојде до идеја за која никој друг не помислил или реализирал.

Но, додека најдобрите практики и процеси се широко познати, релативно малку бизнис лидери се добро обучени во она што е потребно за да се поттикне креативноста на самата компанија и на вработените во истата. За среќа, постојат начини на кои претприемачите можат да се направат себе си и нивните компании покреативни.

Споделуваме пет поттикнувачи на креативност кои секој претприемач може да ги спроведе:

1. Бидете разновидни

Има причина зошто велат дека две глави се подобри од една. Легендата за осамен креативен гениј е, во најголем дел, мит. Тимови составени од членови со различни позадини можат да бидат многу покреативни од поединци, бидејќи повеќе умови природно можат да генерираат повеќе идеи од еден.. Сепак, премногу разновидност или погрешен вид на различност всушност може да му наштети на целиот креативен процес. За да бидат најкреативни, тимовите треба да имаат луѓе со различни вештини, таленти и потекла, но со слични вредности и мотивации. Секој треба да биде обединет зад заедничка цел на компанијата.

2. Направете си пауза

Со постојано и непрекинато размислување само на проблемите, помалку веројатно е да дојдете до креативно решение, наспроти конзистентен напор во комбинација со повремени паузи за одмор, релаксирање и надополнување на батериите. Вклучување на физички вежби за време на паузите може да ви помогне уште повеќе. Истражувањата покажуваат дека луѓето доаѓаат со повеќе и подобри идеи додека се движат, отколку додека седат или лежат. И не ја исклучувајте медитацијата. Редовното практикување на свесност и фокусираност е поврзана со поголема креативност.

3. Намалете го временскиот притисок

Иако потребата може да биде мајка на иновативноста, тоа не значи дека сите во тимот ќе бидат креативни или ќе бидат покреативни кога над нивните глави ќе стојат песочни часовници кои ќе течат. Всушност, со истражувањата се покажало дека дадените рокови ги прават луѓето помалку креативни. Иако понекогаш ќе се случи да бидете принудени да бидете креативни кога ќе се појави проблем во заден момент, најверојатно ќе бидете во вашиот креативен час во порелаксирана средина кога не сте под притисок за брзо да ги доставите резултатите.

4. Променете ја околината каде што размислувате

Понекогаш претприемачите си го поставуваат прашањето дали околината може да придонесе во генерирањето идеи и креативноста. Одговорот е дека тие навистина можат да ја поттикнат креативноста, особено ако се држат надвор од локацијата каде што секојдневно се наоѓаат во нивното секојдневие. Едноставно менување на физичката средина се покажало дека значително помага во процесот на креативност. Поради тоа многу големи умови препорачуваат фокусирање на разни решенија во природа, или околина која што не предизвикува пречки или стресови на умот.

5. Прифатете го и прегрнете го неуспехот

Една од најдобро воспоставените врски помеѓу креативноста и корпоративната култура има поврзаност со начинот на кој се третира неуспехот. Едноставно кажано, креативните луѓе треба да се чувствуваат безбедно да излезат со нови пристапи и да ги пробаат без разлика колку неуспешни обиди имаат и колку пати паднале. Прифатете го неуспехот како основа за надоградба на вашата креативност